Познатиот холивудски актер Леонардо ди Каприо на неговиот Инстаграм-профил сподели фотографија од македонскиот фоторепортер Роберт Атанасовски кој ја направил за АФП/Гети.
Имено, фотографијата е фотографирана на фонтаната на плоштадот Македонија, а со неа, Ди Каприо сака да укаже на последиците од глобалното затоплување.
На неговиот пост под фотографијата на Атанасовски, тој се повикува на Извештајот од научници на универзитетот „Џон Хопкинс“ од Балтимор, САД и укажува на тоа дека зголемениот пораст на температурите на глобално ниво може да влијае на зголемување на срцевите и заразни болести.
Ди Каприо, е еден од најголемите борци за здрава животна средина и на неговиот Инстаграм-профил постојано укажува на последиците од климатските промени и глобалното затоплување.
Фото: Инстаграм-профил на Ди Каприо