еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Летовите меѓу Скопје и Софија не запираат, вели бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев

Министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев, во изјава за МИА за иднината на авиолинијата Скопје-Софија, вели дека летот до главниот град на Северна Македонија ќе остане и по 15 мај.

Со тоа, како што информира дописникот на МИА од Софија, Сабев, ги демантира информациите што се појавија дека авиокомпанијата „Гуливер“ ги прекинува редовните летови меѓу Софија и Скопје.

Николај Сабев, исто така, коментира дека остануваат и летовите меѓу Софија и Тирана. Во моментов, операторот на летот е пред промена, коментираше кратко бугарскиот министер за транспорт Сабев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТАВ Македонија: Во моментов немаме информации од авиокомпанијата за прекин на летовите Софија-Скопје

Бугарската компанија Гуливер престана да продава карти за летот Скопје-Софија

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 72 случаи на Ковид-19, оздравени 54 лица, дополнително пријавени двајца починати

Редакција

Турција одобри екстрадиција на Палчо

Редакција

МЕПСО вработува, плата до 52.200 денари

Редакција