еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Летово ќе се прави скрининг по возрасни групи за да се процени имунитетот на повозрасните, децата, работниците…

Скрииниг на антитела е планиран во нашата стратегија, но не сега, туку некаде на средина или крај на летото, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Посочи дека тестовите, ќе бидат со соодветни анализи и валидирани од комисијата за заразни болести.

– Планирано е да правиме скрининг по возрасни групи. Тоа е планот да го направиме веднаш по попуштање на мерките или некаде на лето, со цел да го процениме имунитетот на возрасните над 65 години, понатака на децата во школска возраст или на работоспособното население, изјави Филипче.

Тоа ќе ни биде еден еден од показателите за димензионирање на мерките, тогаш, кога евенетуално би сметале дека може да се соочиме со повторен пик на болеста.

– Дали тоа ќе биде на есен или не, ќе ја пратиме епидемиолошката криза и врз основа на тоа ќе дадеме мислење и за тоа како можеби ќе треба да се организира наставата во училиштата.

Доколку се процени дека нема имунитет на возрасното население над 65 години, може да кажеме дека рестриктивните мерки за нив ќе важат цело време до крајот на годината, изјави Филипче.

Нагласи дека засега многу е мал бројот на пациенти кои го детектираат дека има развиено антитела и не може да биде показател за како да се креираат политиките.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Во Дебар од коронавирусот излечени повеќе од половина од заразените

Клиника „Жан Митрев“: Пациентот почина од прсната аневризма, медицинскиот персонал кој го третираше е негативен на корона вирусот

Во домот за геријатрија во Ѓорче Петров хигиеничарка заразена со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се реконструира автокампот Ливадишта во Радожда

Редакција

Во ВМРО-ДПМНЕ пристигнале осум кандидатури за претседател на државата

Редакција

Рекордни 317 заразени со Ковид-19 од 1.990 тестирања, во Скопје најмногу 182

Редакција