Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на својот Фејсбук профил синоќа соопшти дека е позитивен на Ковид-19.
„Драги пријатели. Денес направив ПЦР тест за Ковид-19 и морам да го споделам со вас резултатот од овој тест. Тој е позитивен.
Добро сум, клинички без никакви грижи, но мора да се почитуваат медицинските протоколи, па морам да се самоизолирам неколку дена. Почитувајте ги мерките, заштитете се себеси и другите“, напиша Села на Фејсбук.
Фото: Села/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.