Претседателот на ЛДП, Горан Милевски синоќа за ТВ 24 изјави дека доколку денеска се бара одлука на Влада за францускиот предлог, тој ќе биде против ваквата одлука.
„Ние уште немаме одлука на партиските органи. Ако се инсистира на брз процес, тоа нека се прави без нас. Ако нешто ветиле без наша согласност, тогаш нека се прави без нас. Ако ги почитуваат нашите ставови, тогаш треба да ни се даде простор да го искомуницираме тоа меѓу нас и со граѓаните, да видиме дали е прифатливо.
Во овие околности, кога има дијаметрално спортивни размислувања за ист документ, нас ни е неопходно да ги видиме сите факти, со цел да не направиме некакви грешки при донесување во одлуката. Најголем проблем за нас е образованието и историјата.
Нашиот став е во ЕУ да влеземе како Македонци, а не како втора бугарска држава“, изјави Милевски за ТВ24 по средбата со претседателот Стево Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП кај Пендаровски за „францускиот предлог“
ДОМ: Ако во преговорите има прашања од историја и образование, „францускиот предлог“ не е прифатлив
Фото: Милевски/Фејсбук