еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лидерска средба во мај: Ќе се разговара за можни термини за изборите

Претседателот Стево Пендаровски планира да организира лидерска средба во првата половина на следниот месец.

Oд Кабинетот на претседателот велат дека на средбата во мај ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори.

„Во овој период сите напори и државни ресурси треба да бидат насочени кон справување со пандемијата на корона вирусот“, изјавија од Кабинетот на претседателот Пенадровски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа јавно го повика шефот на државата, Стево Пендаровски да свика лидерска средба во врска со иницијативата на СДСМ и коалициските партнери кои бараат повторното свикување на Собранието.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По лабавиот полициски, жесток политички час: Ќе има ли избори?

Ќе се собере ли Собранието: СДСМ „за“, ВМРО-ДПМНЕ „против“, ДУИ допрва ќе се изјаснува

СДСМ поднесе барање до Собранието за свикување итна седница

ВМРО-ДПМНЕ: Уставот е јасен, Собранието е веќе распуштено и не може повторно да заседава

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Два нови видови полжави откриени во водите на изворите кај Св. Наум

Редакција

Пендаровски за реакцијата на бугарското МНР: Нема ништо спорно во мојата средба со Македонците од Бугарија

Редакција

Седницата на Советот за безбедност ќе се одржи во среда

Редакција