Во споредба со повеќето земји од ЕУ и со просекот за ЕУ, банкарскиот систем во Република Македонија има повисока стапка на поврат на капиталот и на активата, а во споредба со земјите од регионот, банкарскиот систем на Македонија има највисока стапка на поврат на капиталот, соопшти НБРМ.
Имено, Народната банка во најновиот извшетај за ризиците во работењето на банките во Македонија соопшти дека добивката на банкарскиот систем во првите шест месеци од 2018 година е речиси двојно повисока во споредба со истиот период од 2017 година.
„Ваквиот раст на добивката во најголем дел се должи на настани од првиот квартал од годината, односно на наплатата на поголем износ на нефункционални побарувања, како и остварена капитална добивка од продажба на капитален влог. Дури и со изземање на ефектот од овие настани, добивката за првото полугодие од годината е повисока (за 32,0%) од минатогодишното прво полугодие, за што придонесуваат неколку продажби на преземен имот во првото полугодие, како и наплата на побарувања“, соопшти НБРМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двојно зголемување: Македонските банки остварија добивка од 90 милиони евра за шест месеци
Комерцијална банка оствари добивка од 28 милиони евра за девет месеци