Општина Куманово објави листа од неколку маркeти што се пријавиле да вршат испорака на неопходните намирници за граѓаните.
„Врз основа на барање на Општински штаб за заштита и спасување и препораките на Влада на Република Северна Македонија, ве известуваме дека за време на целодневниот полициски час во Куманово, за дежурни маркети за набавка и достава на потребните намирници се пријавија: Ацидо Ком маркети 078311077 и 078352669, Ќошар ДООЕЛ Куманово 078258607 и 078258708, Елида 031419521, Јахи Маркет ДООЕЛ село Черкези 070467311, ДТГМУ Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје 071340742, 071340963, 070358500, 072256100, 071285386, 070299507“, објави општина Куманово.
Оттаму ги упатија граѓаните околу набавката и доставата да се информираат од маркетите и ги повикаа останатите маркети што се подготвени да ја контактираат општината на официјалната електронска адреса [email protected] и телефонскиот број 078/365-061, за да се координираат за понатамошните активности во врска со оваа акција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СКСЗМ: Граѓаните да се известат најмалку 48 часови пред да се ограничи движењето
Градоначалникот на Куманово апелира на смиреност: Ќе има асистенција за најнеопходното
Општинарите бараат да им се овозможи на маркетите преку нарачки да вршат достава до кумановчани
Спасовски: Да се определат маркети за обезбедување намирници за време на викендите во Куманово