Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници бр.10/2022 за долгови доспеани до 30.06.2022 и неплатени до 30.10.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници објавени се 1.664 должници – правни лица (помалку за 9 од претходната листа) и 3.230 физички лица (повеќе за 458 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 8.140.286.014 денари, помалку за 43.619.225 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.960.191.919 денари, помалку за 10.083.905 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 180.094.095 денари (помалку за 33.535.320 денари од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Национални шуми на врвот: Топ 10 најголеми должници на УЈП