еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Логинг“ подарува технолошки уреди на седум училишта низ Македонија

Компанијата за електроника и технологија, Логинг Електроникс од Скопје, започна акција во која се подаруваат врвни технолошки уреди на седум средни училишта низ Македонија. Акцијата е во координација со Министерството за образование, а се води од компаниската мисија за подигнување на свеста за употреба на новите технологии во секојдневието.

Овие нови уреди ќе им бидат од голема полза на учениците од електро-техничките училишта, за да можат практично да совладаат нови и врвни технологии и бидат во чекор со глобалните трендови од оваа индустрија. Акцијата се одвива под мотото “Логинг – Технологија за тебе!”.

„Исто како и претходните општествено-полезни активности на Логинг и оваа акција на донирање на технолошки уреди се одвива во рамките на наставната програма на Министерството за образование. Целта е на младите во Македонија да им дадеме можност преку практична работа на мали “умни” проекти да почувствуваат дека лесно можат да го контролираат физичкиот свет во секојдневието околу нас, што сигурно ќе им биде и убав иницијален поттик на патот на понатамошната техничка доедукација. А, потоа, и во раѓање на конкретни идеи за реални применливи уреди во нивните професионални кариери”, вели Златко Крстевски, директор на Логинг Електроникс.

Овој уред – “кит”, учениците ги води низ основите за користење на микроконтролерите од развојната платформа на Arduino преку практична работа на изработка на креативни проекти. “Китот” вклучува селекција на најчесто користените електронски компоненти, со книга од разработени 15 проекти.

Достапноста на уредот ќе биде од голема полза за учениците да ја почувствуваат поврзаноста на сензорите и управувањето со уредите во секојдневието. Еден кит е составен од Arduino книга со проекти на 170 страници, Arduino UNO плочка rev.3 и многу додатоци.

Акцијата е една во континуираната низа на активности коишто ги спроведува Логинг во изминативе години на техничките факултети, а сега и во средните технички училишта. Целта на акцијата е со достапноста на микроконтролерите до секој млад вљубеник во техниката да се понуди можност и да се поттикне нивната креативност, за да можат во иднина да развиваат сопствени платформи и решенија.

Логинг Електроникс е присутен на македонскиот пазар уште од 1997 година и е еден од лидерите во сферата на електрониката и техологијата. Стручните лица во Логинг Електроникс постојано се едуцираат и ги превземаат искуствата од врвните светски производители, притоа обезбедувајќи брзи и свежи информации за употребите на технологиите во секојдневието.

Ова е стратешка определба на компанијата, која што е во рамките на програмата за едукација, базирана на изведување на практично-показни настани за различни целни групи во Македонија, како што се едукативни работилници, демонстрации и слично. Согласно со корпоративните и општествено-одговорните политики на компанијата, Логинг нуди бесплатни консултации, обуки и совети за правилно и полесно користење на технолошки нови или специфични производи од сопствената понуда, како и бесплатни практични решенија за нивна примена во секојдневието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Прогласени добитниците на наградата „Жан Моне 2018“

Редакција

Државна лотарија со ново ТВ шоу „СЕДМО НЕБО“

Редакција

2.300 здравствени работници поминаа тренинг програма за да се заштитат од корона вирусот и да го спречат ширењето

Редакција