На 30.12.2018 година околу 10,00 часот во Полициска станица Крива Паланка, од здравствен дом Крива Паланка, било пријавено дека бил донесен М.Р.(57) со телесни повреди нанесени од сачми, кој по укажана лекарска помош бил пренесен во Ургентен центар – Скопје, информира МВР.
По преземени мерки, било утврдено дека во село Баратлија на место викано „Чешмиче“, при лов на дивеч, Е.Ј.(33) од село Псача, со неколку сачми од ловна пушка, го погодил М.Р.,. Од страна на полициски службеници, од Е.Ј. била одземена ловна пушка „Балкал МП155“ калибар 12х76 мм, кој истиот ја поседувал со дозвола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.