еМагазин
Локално

Мајка пријавила син за семејно насилство, при приведување му бил одземен нож

Во текот на вчерашниот ден тетовската полиција бележи два случаи на пријави за семејно насилство, а при едниот приведен е 31-годишник.

Вчера во 10 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот тетовец А.Б., кој претходно бил пријавен од неговата мајка дека извршил семејно насилство.

– Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, а со потврда му бил одземен и нож, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Подоцна околу 14 часот, 41-годишна жена со нејзината 71-годишна мајка во СВР Тетово пријавиле дека околу 8 часот и 45 минути на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Т.Т. (47) од Тетово, со кого подолго време имале нарушени брачни односи.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измама: Му зела 1.000 евра на гостиварец за да ја „вработи“ девојка му во државна институција

Редакција

Ковид-19 против традицијата: Штипјани втора година по ред не се искачуваат на тврдината Исар

Редакција

Во Тетово приведен 35-годишник баран за издржување затворска казна

Редакција