еМагазин
Image default
Забава

Македонци во Вашингтон ќе навиваат „Медена земја“ да добие Оскар

Обединета македонска дијаспора (ОМД), една од најголемите организации на Македонците во САД, организира настан во Вашингтон по повод доделување на филмската награда Оскар за која е номинаран и нашиот документарен филм „Медена земја“.

Во соопштение за јавоста испратено денеска, ОМД ги поканува Македонците во Вашинтон да дојдат на настанот на кој оскаровската вечер ќе се прикажува во живо и заедно да дадат подршка и охрабрување за „Медена земја“. Церемонијата со доделување на наградите Оскар се одржува в недела во Лос Анѓелес.

„Настанот ќе биде одбележан со изложба на фотографии од фестивалот Галичка свадба од фотографот Дејан Станковски и ќе се служи македонска храна и вино“, се вели во соопштението.

За првпат во историјата на македонската кинематографија, наш филм е номиниран во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Атиџе во авион на пат кон Холивуд: Се чувствувам како птица која лета

(Фото) Атиџе со нова фризура непрепознатлива за на Оскари: Ќе може да им парирам на Бред Пит и Ди Каприо

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Денеска детски избор за песна за Евровизија: Гласајте за нашите преставници и од Македонија

Редакција

(Видео) Несекојдневен настан во Барселона: Во оперска куќа се одржа концерт за 2.292 растенија

Редакција

Миленковиќ: Ако некој каже дека доволно се спознал себе си и знае сѐ за животот, или лаже или е луд

Силвана Жежова