еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонците во Кина неможат да извадат нов македонски пасош таму, па во време на пандемија мора да доаѓаат во Македонија

Македонската заедница во Кина информира дека во Кина работат и студираат поголем број на Македонци, односно македонски државјани.

“За жал, поголемиот број од нив се соочени со истек на рокот за важност на пасошите, поради што и потребата за вадење на нови. Редовна постапка за поднесување на барања за пасоши и издавање на изготвени пасоши на македонските државјани, преку македонските амбасади и конзулати во странство, се реализира исклучиво со мобилна станица, а во согласност со Владиниот акционен план за 2020 година.

Во Акциониот план на Македонската Влада за периодот јануари-декември 2020 година, за прием на барања и издавање на пасоши преку македонските амбасади и конзулати, опфатени се само градовите: Мелбурн, Канбера, Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин, Бон, Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим, Венеција, Виена и Љубљана.

Амбасадата во Пекинг не е опфатена во Акциониот план на владата и ги упатува македонските државјани во Кина да отпатуваат во Македонија и таму да извадат пасош.

На тој начин, Македонците кои работат и студираат во Кина, ставени се во крајно незавидна положба и соочени со огромен финансиски трошок што ќе ги чини губење на работните места, разделба со семејствата како и прекин на студиите, поради неизвесноста од враќање назад заради мерките од пандемијата со корона вирусот.

Македонската заедница во Кина ја разбира немоќта на македонската амбасада во Пекинг да излезе во пресрет на барањата на Македонците во Кина, и затоа апелира до Македонското МНР во Акциониот план за распоред на мобилните екипи на визниот центар за поднесување на барања за пасоши и издавање на изготвени пасоши на македонските државјани за 2021 година, Пекинг да биде утврден во месец јануари 2021 година, поради ургентноста од потребата за нови пасоши за Македонците во Кина!

Македонската заедница во Кина бара Владата да овозможи, македонските државјани во странство кои не можат да се вратат дома по нов пасош на време, поради пандемијата со корона вирусот, поднесувањето на барањето за пасош и издавањето на пасошот да се врши со полномошно на член од нивното семејство во Македонија!“, стои во нивниот апел кој го испратија до еМагазин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворите ни се хотел-промаја, затвореници слободно се шетаат, оцени Пандов

Редакција

Три нови случаи во Штип: Две текстилни работнички од иста конфекција и еден лекар заразени со корона вирусот

Редакција

По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба ЕУ, вели Заев

Редакција