еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија нема да дозволи влез на мигранти, ќе ја затвори целосно јужната граница

Прогласена е кризна состојба и зголемени се силите и на Армијата и на полицијата на јужната граница. Државата нема да дозволи влез на мигранти, бидејќи тоа е политика и на сите држави во целиот овој регион, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

Прашан дали Владата има план во врска со мигрантите по изјавата на српскиот претседател за херметичко затворање на границата, Спасовски рече дека е очигледно оти транзитот повеќе не е опција.

– Знаете дека имаме веќе прогласено кризна состојба, дека се зголемени силите и на Армијата и на полицијата на јужната граница. На основа на сите информации коишто ги добиваме од нашите служби, од партнерските служби, се следи ситуацијата.

Сега засега е стабилно, немаме никакво зголемување на мигранти коишто би можеле да се обидат да влезат на територијата на Република Северна Македонија, меѓутоа, ставот е дека ќе имаме нулта толеранција, изјави Спасовски.

Тој потсети дека досега државата имала политика во која што мигрантите само транзитираа низ нашата територија и дека имаме само два транзитни центри, како и дека државата својата политика во однос на мигрантската криза ја градела на две основи.

– Едната основа е европската политика во делот на справување со мигранти и втората, регионалната соработка, односно политика која што е заедничка на државите во регионот. Бидејќи нема справување со каков било мигрантски бран ако сите заедно не носиме заеднички ставови, одлуки и не соработуваме меѓу себе, изјави Спасовски.

Чулев: Границата ќе се затвори да се спречи нов мигрантски бран

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев од Тетово каде што беше во посета на Секторот за внатрешни работи истакна дека во насока да се спречи нов мигрантски бран ќе се затвори целосно јужната граница.

Оценува дека има подготвеноста за таква постапка.

-Македонија е во постојана комуникација и со ФРОНТЕКС и со нашите партнери од Европската унија. Македонија дефинитинво ќе ја затвори граница и ние имаме капацитети во однос на претходата мигрантска криза и сега сме многу подобро подготвени.

Имаме и партнерски полицајци во заеднички патроли на јужната граница. Во моментот има 131 полицаец од осум држави и имаме материјално технички средства. Ќе дадеме максимум за да ја затвориме нашата границата и да спречиме нов мигрантски бран кон територијата на нашата држава и со тоа и кон територијата на ЕУ, истакна Чулев.

Засега според министерот иако има прогласено кризна состојба на јужната и северната граница, на јужниот дел состојбата е стабилна.

-Нема посебни нарушувања. Внимателно ја следиме состојбата на турско-грчката граница за таа цел управувачкиот комитет донесе одлука да се зголеми бројот на полициските сили на јужната граница и истовремено е зголемен бројот на армиските сили, ја обновуваме жичена ограда и правиме пристапни патишта, истакна Чулев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради пожарот затворена „Богородица“, возилата се пренасочуваат на граничниот премин „Дојран“

Редакција

Скопје, Гостивар и Куманово во 4 фаза, Тетово, Штип, Берово и Делчево во трета: Проценка за ширење на Ковид-19

Редакција

Добро е што ДУИ ја заокружи етничката агенда и се насочи кон граѓанинот, вели Заев

Редакција