еМагазин
Македонија

Македонија со највисок напредок во регионот по број на граѓани вакцинирани со барем една доза, велат од МЗ

Македонија е лидер во регионот по бројот на граѓани кои се вакцинирани со барем една доза од вакцината во изминатиот месец и половина, информираат од Министерство за здравство.

„Според последните податоци, во периодот од 5-ти јули до 24-ти август, бројот на барем една аплицирана доза на сто жители во земјата е зголемен за повеќе од 14 отсто, што е највисок напредок во споредба со земјите од регионот и јасно укажува на зголемениот интерес за имунизација кај населението.

Во истиот период, веднаш по Северна Македонија се наоѓаат Косово, со 10,64 отсто, Албанија и Грција со 8,61 отсто и Црна Гора со 8,04 отсто зголемен процент на вакцинирани граѓани со барем една доза од вакцината. Зголемувањето во Босна изнесува 7,95 отсто, додека во Словенија 6,9 отсто.

Најмал напредок во регионот забележан од 5-ти до 24-ти август има во Србија, односно 2,49 отсто, и Бугарија со само 1,66 отсто зголемен процент на вакцинација,“ се вели во соопштението.

Од Министерство за здравство информираат дека зголемувањето на бројот на имунизирани граѓани значи и поголема колективна заштита, намалување на можноста вирусот да мутира и да се шири.

„Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат превенција од развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход. Вакцинацијата е заедничка одговорност, а постигнувањето колективен имунитет е единствен начин да се стави крај на пандемијата и да се сочува јавното здравје,“ се додава во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца адвокати од случајот „ТНТ“ казнети со по 2.000 евра поради обид за одолговлекување на судењето

Редакција

Роднина на еден од обвинетите за насилството во Собрание беше отстранета од судница оти носела солзавец

Редакција

Македонски камионџија повреден во сообраќајка во Бугарија

Редакција