еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР: Македонска државјанка евакуирана од Вухан поради коронавирусот

Министерството за надворешни работи информира дека македонска државјанка, врз основа на доброволна согласност, а со посредство на амбасадите на нашата земја во Пекинг и Париз, успешно е евакуирана од кинескиот град Вухан.

„Нејзината здравствена состојба е добра, не постојат симптоми на корона вирусот. Постапката на евакуацијата беше спроведена преку приклучување кон Програмата за евакуација на Франција, која за оваа намена организираше специјален лет кој што денеска слета во воена база на југот во Франција.

Пред да го продолжат патот до своите матични држави, патниците ќе бидат евакуирани во помал град на југот на Франција, каде ќе подлежат на задолжителен карантин во трaење од 14 дена, што е воспоставен протокол за евакуација на сите патници од Вухан“, соопшти МНР.

Оттаму додаваат дека Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со евакуираната патничка преку надлежните амбасади во Пекинг и Париз, како и преку властите на соодветните држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР: Нема пријавени наши државјани заболени од корона вирусот

(Видео) Научно-фантастични снимки од Кина: Дронови ги предупредуваат луѓето што не носат маски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид-центрите е голем

Редакција

Работник од Албанија починал во Челопек при копање канал, врз него се урнала земја

Редакција

Колку пари донирала фирмата која доби милионски тендер на МНР на ДУИ лани

Редакција