еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонската економија годинава со раст од 2%, а следната 3%, предвидува ЕБОР

Македонија годинава ќе има раст на БДП од два отсто, а во нардната од три проценти, се наведува во најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за регионалните економски перспективи.

Целиот регион на Западен Балкан во 2023 ќе забележи раст од 2,2, а догодина од 3,4 отсто.

Албанската економија годинава ќе има раст од 2,5, а следната 3,3 проценти, Босна и Херцеговина (2% и 3,0%), Косово (3,5% и 4%), Црна Гора (3,3% и 3,7%), и Србија (2,2% и 3,4%)

ЕБОР во извештајот наведува дека на економските перспективи на Западен Балкан годинава ќе влијаат инфлаторните притисоци и послабите изгледи на напредните економии во Европа, со попозитивни прогнози за 2024 година кога се очекува економскиот раст да се зголеми на 3,4 отсто.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од среда драстичен пад на температурата, ветер, дожд и грмежи

Редакција

„Стентон градба“ го доби тендерот за изградба на сообраќајници во ТИРЗ Прилеп вреден 652.000 евра

Редакција

Европскиот суд за човекови права го одби барањето на Камчев да биде пуштен во домашен притвор

Редакција