еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Македонски државјанин киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Албанската полиција уапсила две лица под обинеие дека во Тирана вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин, кому му барале 250.000 евра.

Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.

Во рамки на полициската акција „Lake“, уапсени се Алберт Џ.(41), и Сокол М. (42), жители на Тирана, додека од слобода ќе се брани Суби Е.(50) жител на Струга, Македонија.

-Тројцата граѓани во соработка еден со друг кај планината Фарка, во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В.(23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра, пренесуваат полициско соопштение албанските медиуми.

Досието е доставено до Јавното обвинителство во Тирана за понатамошно постапување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со влегувањето на Алтернатива во Владата, новото парламентарно мнозинство ќе брои 64 пратеници

Редакција

Ердоган: Не треба да се инсистира оти ракетата е лансирана од Русија, тоа би било провокација

Редакција

Нови 185 лица заразени со корона вирусот, во Скопје 96

Редакција