еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски телеком со зголемена добивка во првите девет месеци

Приходите од продажба на Македонски телеком АД Скопје на крајот од првите девет месеци од 2023 година бележат благо зголемување од 1% во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 8.923.377 илјади денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Во рамки на приходите од основниот бизнис се бележи раст од 5,3% кај мобилните услуги, додека во фиксниот сегмент има раст од 4,3% споредено со истиот период од претходната година, велат од таму.

На пазарот на мобилната телефонија компанијата има удел на пазарот од 48,3% (интерна проценка, споредено со 49,1% на крајот од истиот период од претходната година), посочуваат од таму.

-Базата на претплатници на крајот од првите девет месеци од 2023 година изнесува 1.330 илјади претплатници и е зголемена за 2,8% во однос на истиот период од претходната година.

Приходите од говорни услуги (малопродажба) како и неговорни мобилни услуги на крајот од првите девет месеци од 2023 година бележат зголемување од 4,4% во споредба со истиот период од претходната година.

Зголемувањето главно произлегува од поголемиот број на пост – пејд претплатници и зголемувањето на приходите од роаминг, а од друга страна пак има намалување на приходите од при-пејд главно заради миграција на претплатниците од при-пејд во пост-пејд како и помал обем на користење на говорни услуги во при-пејд сегментот.

Зголемени се и приходите од неговорни услуги, главно како резултат на зголемени приходи од мобилен интернет заради зголемено користење на пакетни тарифни модели со вклучени неговорни услуги како и зголемен GPRS сообраќај од роаминг поддржано од зголемувањето на приходите од содржини

Приходите од говорни услуги – големопродажба на крајот од првите девет месеци од 2023 година бележат намалување од 0,9% во споредба со истиот период од претходната година

Комбинираниот ARPU (просечниот приход по корисник) од говорни и неговорни услуги бележи зголемување од 2,1% во споредба со истиот период од претходната година, достигнувајќи 385 денари, велат од таму.

Македонски телеком успеа да ја одржи водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со 61,8% (интерна проценка, споредено со 62,3% на крајот од истиот период од претходната година), односно 227 илјади корисници на крајот од првите девет месеци од 2023 година, посочуваат од таму.

-Приходите од говорни услуги од малопродажба во првите девет месеци од 2023 година во фиксниот сегмент се благо зголемени за 0.2% во споредба со истиот период од претходната година.

На крајот од првите девет месеци од 2023 година бројот на корисници на фиксна телефонија (вклучувајќи ги и корисниците на конвергентни услуги) бележи благо зголемување за 0,4% споредено со истиот период од претходната година.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет (вклучувајќи ги и корисниците на конвергентни услуги) на крајот од првите девет месеци од 2023 година е зголемен за 2,7% и изнесува 232,2 илјади во споредба со 226 илјади на крајот од истиот период од претходната година.

Бројот на претплатници на широкопојасен интернет (без големопродажба) на крајот од првите девет месеци од 2023 година е зголемен за 2,8% и изнесува 208,7 илјади во споредба со 202,9 илјади на крајот од истиот период од претходната година.

Уделот на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од првите девет месеци од 2023 година изнесува 49,3% (интерна проценка, споредено со 49,4% на крајот од истиот период од претходната година).

Инвестициите во оптичката мрежа резултираат во континуиран раст на бројот на оптички пристапи во земјата. На крајот од првите девет месеци од 2023 година Македонски Телеком овозможи повеќе од 303 илјади пристапи до оптика што е за 13% повеќе споредено со истиот период од претходната година, велат од таму.

Во однос на ТВ пазарот, Македонски телеком има лидерска позиција со 33,6% удел од вкупниот ТВ пазар (интерна проценка, споредено со 34% на крајот од истиот период од претходната година), велат од таму.

-IPTV услугата (дигитална телевизија преку Интернет протокол), поради високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ искуство, е одлично прифатена на пазарот и МКТ на крајот од првите девет месеци од 2023 година оствари зголемување на бројот на корисници на IPTV (вклучувајќи Magenta 1, 3 Play и други TV услуги) за 1,1% во споредба со истиот период од претходната година што резултираше со база од 149,3 илјади корисници на крајот од првите девет месеци од 2023 година.

Приходите од малопродажен Интернет на крајот од првите девет месеци од 2023 година се зголемени за 15,8% во споредба со истиот период од претходната година.

Приходите од дигитална телевизија преку Интернет протокол („IPTV“) на крајот од првите девет месеци од 2023 година се намалени за 7,2% во споредба со истиот период од претходната година

Приходите од системска интеграција и ИТ услуги на крајот од првите девет месеци од 2023 година се намалени за 60% во споредба со истиот период од претходната година, главно како резултат на зголемените приходи во 2022 година од проектот за паметно осветлување и платформа за дигитален град.

Приходите од продажбата на опрема на крајот од првите девет месеци од 2023 година се зголемија за 3,3% во споредба со истиот период од претходната година како резултат на зголемувањето на приходите од продажба на мобилни апарати на рати заради поголемата просечна продажна цена на продадени апарати поддржано од алокацијата на приходите во согласност со МСФИ 15.

На страната на трошоците, на крајот од првите девет месеци од 2023 година оперативните расходи бележат намалување од 3.9% во споредба со истиот период од претходната година, што во најголем дел се должи на намалувањето на трошоците за набавна вредност на продадени трговски стоки, како и намалувањето на трошоците за суровини и други материјали.

Трошоците за набавна вредност на трговски стоки се намалени за 13,5% во линија со намалените приходи од системска интеграција и ИТ услуги, додека трошоците за суровини и други материјали каде се вклучени и трошоците за електрична енергија, се намалени за 22% на крајот од првите девет месеци од 2023 година во споредба со истиот период од претходната година, доминантно поради намалувањето на цената на електричната енергија како резултат на глобалните движења на цената на електричната енергија.

Расходите за услуги со карактер на материјални трошоци се благо намалени за 0,8% на крајот од првите девет месеци од 2023 година во споредба со истиот период од претходната година.

Трошоците за вработени на крајот од првите девет месеци од 2023 година се зголемени за 3.9% заради поголемиот број на вработени и имплицитно поголеми плаќања кон вработените по основ на плати и останати примања, делумно компензирано со помалите трошоци за отпремнини во споредба со истиот период од претходната година.

Трошоците за амортизација се благо зголемени за 0,2% на крајот од првите девет месеци од 2023 година во споредба со истиот период од претходната година

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX), на крајот од првите девет месеци од 2023 година изнесуваат 1.401.618 илјади денари, велат од таму.

Горенаведените движења на страната на приходите и трошоците резултираа со зголемување на оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) во првите девет месеци од 2023 година за 11,6% во споредба со истиот период од претходната година, посочуваат од компанијата.

-EBITDA маргината во првите девет месеци од 2023 година е зголемена и изнесува 43,9% во споредба со 39,9% на крајот од истиот период од претходната година.

Оперативната добивка пред камати и оданочување (EBIT) во првите девет месеци од 2023 година е зголемена за 27,7% во споредба со истиот период од претходната година.

Како резултат на горенаведените движења на страната на приходите и трошоците како и финансиските приходи и расходи, нето добивката за првите девет месеци од 2023 година е зголемена за 29,7% во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 1.653.104 илјади денари, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски Телеком донираше T Tablet за дваесет семејства во социјален ризик

Македонски Телеком доби награда за корпоративна филантропија

Македонски Телеком продолжува со успешно работење и во првото полугодие од 2023 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Здравствен дом на Скопје за набавка на масло за горење вреден 9,2 милиони денари

Редакција

Побаран притвор за скопјанецот кој се судри со возилото кое падна во Лепенец по што се удави фамилија од Косово

Редакција

(Видео) Најмалку 14 лица загинаа при уривање на бетонска настрешница на железничка станица во Нови Сад

Редакција