еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонскиот пасош на 16. место во светот, помоќен е и од американскиот

Македонскиот пасош според најновото рангирање на „Passport Index“, се најде на високото 16. место во светот.

Со него може да се влезе без виза во 62 држави, додека во 37 држави се добива виза веднаш по пристигнувањето. Виза пак, е потребна за во 99 други држави.

Од земјите во регионов најдобро котира словенечкиот, кој е на 5. место, хрватскиот на 8. и српскиот на 14. позиција на индексот на најмоќни пасоши во светот.

Објаснувањето на „Passport Index“ е дека годинава ковид пандемијата имала големо влијание на листата.

Интересно е и дека македонскиот пасош е пет места пред американскиот, кој се наоѓа на 21. место.

За најмоќен се оценува пасошот на Нов Зеланд, а на последното 75. место се наоѓаат пасошите на Авганистан и Ирак.

„И покрај големата нестабилност на пасошот во текот на целата измината година, ‘Passport Index’ ги ажурираше рангирањата на пасошите во реално време, прикажувајќи го вистинскиот ефект на пандемијата на рангирањето на пасошите.

Податоците се јасни, со привремени забрани за патување и ограничување на визите, многу земји кои некогаш имаа моќен пасош, сега се рангираат меѓу најниските во светот“, се вели во соопштението на „Passport Index“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стевчо Јакимовски обвинет за злоупотреби и бесправно градење додека бил градоначалник

Редакција

Грција бара да нема судење за притворениот за купување гласови градоначалник на Химара од грчкото малцинство

Редакција

Твитер за превирањата во ВМРО-ДПМНЕ: „Следна за исклучување била струјата“

Редакција