еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските и бугарските историчари во Софија размениле предлози за учебниците по историја за кои ќе се разговара во март

Прашањата за учебниците по историја во Македонија и Бугарија врз основа на меѓусебно разменетите забелешки биле тема на дискусија на 23-та средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржа завчера и вчера во Софија.

Како што информираше Министерството за надворешни работи, членовите на Комисијата размениле идеи и аргументи како да се подобрат учебниците по историја и размениле неколку предлог-препораки кои остануваат основа за понатамошни разговори.

Следната редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе се одржи на 30 и 31 март 2023 година.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Израел формира влада на национално единство, Нетанјаху најави дека секој член на Хамас е „мртов човек“

Редакција

По МВР и Амбасадата на САД со предупредување: Постои зголемен ризик од терористички напади во Северна Македонија

Редакција

На барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро, Заев треба да сведочи за „Монструм“

Редакција