Како што се завршува процесот на зачленување на нашата земја во НАТО алијансата, така се зголемуваат вежбовните активности на македонските војници во различни земји од регионот и пошириоко.
Најдобар показател за тоа е последната владина седница на која беа разгледуваните одлуките за испраќање на припадници на нашата армија за учество во вежбовните активности: „COMBINED RESOLVE XII”, во Сојузна Република Германија, „ALBANIAN EFFORT 19”, во Република Албанија, „SABER JUNCTION 19”, во Сојузна Република Германија, „PLATINUM LION 19”, во Република Бугарија, „JOINT REACTION 19”, во Република Албанија „COMMON CHALLENGE 19”, во Црна Гора, „TORRI“, во Република Италија и „BALKAN BRIDGES”, во Република Бугарија.
Истовремено, од петти јуни до деветти јули, Македонија ќе биде домаќин на досега најголемата вежба која се организира во нашата држава, „Одлучен удар“, на која ќе учествуваат над 2.700 припадници од АРМ и од вооружените сили на САД, Црна Гора, Албанија, Бугарија и Литванија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Воен туризам“ на Криволак: Странците плаќаат до пет илјади евра на ден за играње војна
Фото: АРМ