еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Макпетрол ги додели наградите од финалното мастер коло на наградната игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“

Заврши наградната игра на Макпетрол, „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“ која започна на 1-ви март, а траеше до 9-ти декември оваа година.

Макпетрол денес, во продажно-сервисниот салон на Хонда ги додели наградите од финалното мастер коло, како и од деветтото редовно коло. На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.

Пред 5 години со желба да ја покаже својата благодарност кон лојалните потрошувачи, компанијата Макпетрол ја лансираше ВЕРНА програмата за лојалност преку која обезбедува дополнителни погодности и предности за верните потрошувачи.

„Во изминатите 5 години, на наше огромно задоволство, бевме сведоци на брзото растење и развивање на оваа современа платформа за лојалност. Како компанија секогаш свртена кон потребите и желбите на своите потрошувачи, долго време посветивме да ја создадеме и да ја отпочнеме ВЕРНА програмата за лојалност.

Со текот на времето програмата беше проширена со наградни игри, како и со многубројни промоции во маркетите на нашите бензинските станици. Денес, после 5 години од отпочнувањето на програмата, семејството ВЕРНА брои 183.000 членови.

Активноста и бројноста на картичките сами по себе говорат за успешноста на ВЕРНА програмата за лојалност. Создадовме едно големо ВЕРНА семејство и воспоставивме единствен систем преку кој комуницираме со нашите потрошувачи, со цел подобрување на нашата работа, затоа што секогаш има простор за напредок и усовршување“, изјави Мишко Тасевски, раководител на Секторот маркетинг.

Покрај наградната игра, компанијата ја разви и апликацијата ВЕРНА GO која овозможува полесно менаџирање на поените и дополнително го олеснува добивањето на потребните информации поврзани со производите и услугите што ги нуди Макпетрол за своите верни потрошувачи.

Оваа година во наградната игра учествуваа над 1.500.000 трансакции што покажува дека потрошувачите го препознаваа квалитетот на производите и услугите на компанијата.

Досега, во овогодинешната наградна игра компанијата подари многу вредни награди и тоа: 9 лаптопи Dell, 18 викенди за двајца во хотелите на Макпетрол, 90 ваучери за Lubex моторни масла, 90 ваучери за гуми, 90 ваучери за Crystal car средство за стакла, 90.000 ВЕРНА поени, косилка за трева Honda, скутер Honda, гумен чамец со приколка и мотор Honda и четрицикл ATV Honda.

„Заедничкото одбележување на 5 годишниот јубилеј од постоењето на ВЕРНА програмата за лојалност и доделувањето на наградите од финалното коло од наградна игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиj“ му дава уште поголемо значење на нашето денешно заедничко дружење.

Наша заложба е дека и понатаму ќе се посветиме кон усовршување на Верна платформата со цел постигнување на уште поголеми поволности за нашите верни потрошувачи. Ни претставува особено задоволство што во овие денови на предновогодишна радост ќе ги збогатиме нашите потрошувачи со вредни награди од оваа наградна игра“, додаде Тасевски.

Љупчо Георгиевски, директор на Дирекција за малопродажба рече дека платформата ВЕРНА била создадена од две причини.

„Првата и основна причина се нашите верни потрошувачи, а придобивките од фидбек-от кој го добивме преку неа се од голема важност за нашата компанија. Таа ни го олесни начинот на комуникација со нашите потрошувачи и ни овозможи полесно да ги следиме нивните потреби и желби. Анализирајќи ги овие заклучоци можеме со сигурност да кажеме дека ВЕРНА е проект кој вроди со големи придобивки, како за нашите верни потрошувачи, така и за нас.

И покрај брзиот успех, ние во Макпетрол не престанавме да вложуваме во оваа платформа поради што верувам дека нашите потрошувачи и понатаму ќе ни ја подаруваат својата доверба кога станува збор за горивата и дополнителните услуги кои ги нудиме. Денес, ВЕРНА е повеќе од програма за лојалност, таа стана алатка преку која создадовме едно семејство кое постојано расте, семејство кое преку своето функционирање ни овозможува полесно да ги дознаеме и задоволиме потребите и приоритетите на нашите потрошувачи.

Докажавме дека сме компанија која во центарот на својата работа го става потрошувачот и не отстапува од високите стандарди за квалитет кои ги има зацртано. Ваквиот вид на работа е навистина тежок, но резултатите покажуваат дека вреди секој напор направен од наша страна. Макпетрол континуирано инвестира во квалитетот на производите и услугите, а воедно воведува нови понуди за лојалните потрошувачи.

Наш најголем приоритет, покрај снабдувањето на пазарот на нафтени деривати со квалитетно гориво, секогаш се нашите потрошувачи. Наградната игра е начин преку кој им се заблагодаруваме на нашите верни потрошувачи. Пет години ВЕРНА програма, 183.000 членови и повеќе од 1.700 досегашни добитници на разни награди се реалност која навистина треба да се потенцира,“ додаде Георгиевски.

Од компанијата додадоа дека наградната игра ќе продолжи и наредната година, а повеќе детали ќе соопштат во друга прилика.

„Оние наши верни потрошувачи кои досега не беа дел од добитниците во наградната игра оваа година, би сакал да ги охрабрам да продолжат да точат гориво на бензинските станици на Макпетрол и да ги користат дополнителните содржини кои ги нудат нашите бензински станици. Идната година ќе донесе уште повеќе можности за добивка, награди и акции“, потенцираше Георгиевски.

Ацко Арсовски со број на ВЕРНА картичка 242763 беше среќниот добитник на лап топ Dell, додека најсреќен оваа јубилејна година беше Абдулах Јетиши со број на ВЕРНА картичка 356718, добитник на главната награда, прекрасната Honda H-RV.

Од компанијата ги честитаа претстојните празници, и оние кои не биле толку среќни оваа година, ги повикаа да продолжат да бидат дел од програмата ВЕРНА со надеж дека во 2020 година ќе им се насмевне среќата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

A1 Македонија за новогодишни празници со тебе: Поврзани услуги и заштеда со A1 Combo

Редакција

Новиот Citroën Berlingo и Citroën C4 Cactus се финалисти за награфа за Autobest 2019

Редакција

(Фото) Нина Црнокрак е новата Little Miss Planet 2023, уште две титули за сестрите Стефанови

Редакција