„Макпетрол“ АД – Скопје и подружниците во текот на минатата година остварија вкупен приход во износ од 23,1 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 885,2 милиони денари, односно остварен е пораст од 4%, соопшти компанијата во образложението на консолидираниот финансиски резултат објавено преку Македонската берза.
Во структурата на приходите, најголем удел со 98,1% имаат приходите од продажба, од коишто 92,7% приходи се остваруваат со продажба на домашниот пазар.
Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 22,1 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за 768 милиони денари или 3,6%.
На крајот на овој период, друштвото и подружниците остварија позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 968,2 милиони денари, односно добивка по оданочување во износ од 875,8 милион денари (14,2 милиони евра), која е поголема 13,3% од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 773,2 милион денари“, соопшти компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Александар Спасовски купи акции од „Макпетрол“
Во два блока продадени акции од „Макпетрол“ за 415.000 евра