еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макпетрол во ноември нема да доставува гас за топланите Исток и Запад

Макпетрол АД Скопје во ноември нема да доставува природен гас за потребите на топланите Исток и Запад во Скопје со кои стопанисува ЕСМ АД Скопје.

Како што информираа денеска од Макпетрол, на 12 октомври доставиле понуда до ЕСМ за количините природен гас потребни за топланите Исток и Запад за месец ноември, но не добиле потврда од ЕСМ.

-Крајниот рок за прифаќање на понудата од страна на ЕСМ измина вчера, до кога Макпетрол мораше да ги најави и плати потребните количини кај својот добавувач.

ЕСМ до вчера не ги потврди потребните количини, поради што Макпетрол ги најави останатите количини за своите потрошувачи без количините потребни за производство на топлинска енергија за топланите Исток и Запад, соопшти Макпетрол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: 12 лица од новозаболените со коронавирусот во Македонија имале контакт со потврден случај

Редакција

Ревизорите откриваат:„М-НАВ“ плаќа илјадници евра пенали за некористење заем од ЕБОР од 2013 година

Редакција

Конечна детална листа: Кои се градоначалниците за кои ќе се гласа во вториот круг на локалните избори

Редакција