еМагазин
Image default
Бизнис

Макстил во „корона“ криза оствари добивка од 45,8 милиони денари

Во првите шест месеци од годината добивката пред оданочување на Макстил АД Скопје изнесува 45,8 милиони денари и е повисока од остварената во првата половина од 2019 година, додека нето добивката изнесува 40,9 милиони денари и е повеќекратно повисока од остварената за истиот период во минатата година, информира компанијата преку Македонската берза.

“Првото полугодие од годинава особено вториот квартал нашата компанија беше соочена со бројни предизвици како резултат на пандемијата на корона вирусот.

Успорувањето на светската економска активност, а особено прекинот на инвестициските проекти од страна на нашите деловни партнери на западноевропските пазари и на турскиот пазар допринесе за драстичен пад на побарувачката на нашите производи што внесе голема доза на неизвесност во нашето секојдневно функционирање.

Целокупната организација на работењето беше променета поради воведувањето на мерките за карантин, а тоа неминовно предизвика дополнително зголемување на трошоците. Во текот на овој период нашиот главен фокус беше грижата за здравјето и безбедноста на нашите вработени како и исполнувањето на сите договорни обврски“, велат од компанијата.

Во овој период се остварени приходи од работење во износ од 2,22 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури  98,7%, посочуваат од компанијата.

“Споредено со истиот период од 2019 остварените приходи од работењето (2,59 милијарди) се помали за 14%.

Покрај разликата во испорачаните количини и поповолните ценовни односи, во извештајниот период е евидентна и разлика и во структурата на испораките во полза на поголемо учество на сопствените продажби за сметка на испораките по основ на договори за преработка.

Останатите деловни приходи во првото полугодие на оваа година изнесуваа 22,8 милиони денари, споредено со истиот период од минатата година кога беа во износ од 4,9 милиони денари што воглавно се должи на укинување на резервирања во корист на вработени и субвенционирање на придонеси“, велат од компанијата.

Во првите шест месеци од работењето остварените расходи изнесуваа 1,99 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 69%, велат од компанијата.

„Споредено со истиот период во 2019 година остварените расходи од работењето (2,38 милијарди денари) се пониски за 16%, што воглавно се должи на намалениот обем на производство во текот на овој период“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макстил со умерено оптимистички очекувања за четвртиот квартал

„Макстил“ со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТТК Банка за три месеци оствари добивка од 5,7 милиони денари

Редакција

На бензинските станици на Макпетрол, нова генерација УЛТРА горива со Dual Action Technology

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од „Европа“ за 2,7 милиони денари

Редакција