еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Малолетничка од Скопје почина по пад од трицикл

На 22.06.2023 околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“, Р.С.(41) од Скопје, управувајќи трицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот заедно со малолетна сопатничка.

По несреќата, двајцата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на возачот Р.С. му биле констатирани телесни повреди, информираа од МВР.

Малолетната сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната помош починала.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОЈО Скопје отвори предистрага за злоупотреби со тендер во МВР

Редакција

30,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми, 66,2% имале контакт со потврден случај

Редакција

Приведен полицаец кој додека не бил на должност навредувал колега при интервенција

Редакција