Малолетник на 16 години бил физички нападнат и избоден со нож од група млади лица вчера во Тетово. Настанот се случил околу 21 часот на улицата „Јане Сандански“.
-Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на улица „Јане Сандански” во Тетово, во која, првично, учествувале повеќе лица, а едно малолетно лице било повредено со остар предмет.
Служби на СВР Тетово се на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.