Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 13. декември покажуваат дека најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Штип.
„Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 5.832,2 на 100.000 жители, Скопје (5.160,1/100.000), Свети Николе (4.777,7/100.000), Кавадарци (3.989,9/100.000), Прилеп (3.855,5/100.000) и Велес (3.699,2/100.000), инциденца под 2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира во Дојран, Богданци, Македонски Брод, Радовиш и Крушево“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
131 лице починало од Ковид-19 надвор од болница
Повеќето мажи, над 60 години: 80,3% од починатите од Ковид-19 со претходни заболувања
Еве како изгледа состојбата низ Македонија:
Фото: Град Скопје/мапа: ИЈЗ