еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Маричиќ: Идејата на унилатералните изјави е да покажеме дека имаме различни ставови по прашањето на јазикот

Ние не влегуваме во никакви замки поврзани со македонскиот јазик или македонскиот идентитет, тоа го повторив повеќе пати, го кажаа и министерот за надворешни (Османи) и вицепремиерот Димитров. Од она јас што го имам видено идејата на унилатералните изјави за некои прашања вклучувајќи го и јазикот, е токму тоа да се укаже дека имаме различни ставови по одредени прашања, па и тоа за јазикот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предлогот на португалското претседателство е прашањето за јазикот да се реши со две унилатерални изјави, вели Османи

Португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ, со унилатерална изјава за бугарскиот став, вели Димитров

Ова го изјави министерот за правда Бојан Маричиќ за медиумите на прес-конференција на Преспа форумот, запрашан дали нашата земја влегува во замка во однос на португалскиот предлог и  унилатералната изјава во која С Македонија би кажала дека македонски јазик е кодифициран во 1945 година без да спомене дека постоел порано, со што се потврдува позицијата на Бугарија во нејзината унилатерална изјава дека јазикот не постоел пред 1945 година.

-Ние од нашата позиција не можеме да отстапиме, за нас е многу важно во рамките на законодавството на ЕУ и во преговарачката рамка да остане формулацијата дека правото на ЕУ се преведува на македонски јазик и во контекст на тоа немаме проблем доколку дадеме унилатерална изјава во која ќе се изнесат факти, но исто така со тоа не признаваме и не знам која е точната формулација, до крај, меѓутоа во никој случај немаме право ниту можност да признаеме дека македонскиот јазик постои од 1945 година.

Сигурно дека постои претходно, а е кодификуван 45-та и тоа е прашање на факт, рече Маричиќ.

Тој повтори дека македонската страна јасно и недвосмислено кажала и во тие изјави и во други дека нашиот јазик постои, и е кодификуван 45-та, што е, вели, факт, а декларација што е посочена, нагласува, никаде ниту е усвоена, таа беше само предмет на разговори.

-Во моментот кога ќе дојде до усвојување на некаква декларација ќе можеме поконкретно да дискутираме. Но, треба да ги имаме предвид овие работи и со внимание да постапуваме, мислам дека нашата делегација внимателно ги разгледува сите прашања и во никој случај нема да дозволи да има каква било одлука или каква било декларација на штета на нашите интереси и на македонскиот јазик, истакна министерот за правда Маричиќ.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Гордана Димитриеска-Кочоска, новата потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Активни пожари во Буковиќ, Раовиќ, Горно Мелничани, Ракле, Никодин и Топлица

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот Владо Мисајловски

Редакција