еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Никој нема право да изнесува небулозни наводи и обвинувања“: Реакција на МБА за обвинувањата од Костовски

Македонската банкарска асоцијација (МБА), во името на сите свои членки – банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро изразува најoстар протест и отфрлање на сите крајно неосновани наводи за банкарскиот сектор, изнесени на прес конференцијатата на бизнисменот Трифун Костовски.

„Потенцираме дека никој нема право да изнесува небулозни наводи и обвинувања за цел банкарски сектор на една држава врз основа на некакви приватни истраги.

Банкарскиот сектор е дел од севкупниот економски систем на оваа земја, дом на заштедите на македонските граѓани и компании и столб на целокупниот финансиски систем на Македонија.

Пропаѓањето на една банка зарaди проблеми и нерегуларности кои се случувале во самата таа банка, а за кои целата јaвност беше информирана преку средствата за јавно информирање, не смее и не може да бидат прелеани како обвинување за цел еден сектор,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека македонскиот банкарски сектор бил и останува најздравото ткиво на нашата економија и никој нема право да прави обиди за поткопување на неговиот углед и негово омаловажување, како што нема право тоа да го прави со која било институција на оваа држава.

„Функциите кои банкарскиот сектор ги извршува во економијата се од витален јавен интерес и се јавно добро и затоа секој поединец, група, па и институции треба да бидат многу внимателни кога изнесуваат наводи со кои се квалификува цел еден систем.

Како ниту еден друг сектор во економијата, нашиот банкарски сектор во изминатите 30 години помина низ повеќе реформи кои овозможија поставување на основите на она што системот е денес: здрав, сигурен, стабилен, профитабилен, со силна кредитна поддршка на економијата и домаќинствата и со највисоки оценки од сите релевантни меѓународни институции во сите претходни години, институциите на ЕУ, ММФ, Светската банка, итн..

Како што е истакнато и во последниот извештај на реномираната кредитна агенција Стандард и Пурс, објавен пред два дена, македонскиот банкарски сектор е стабилен и добро капитализиран, со стапка на нефукционални кредити од ниски 3% и адекватност на капиталот од 17%.

Кредитната агенција го потврди рејтингот на Македонија од ББ- со стабилен изглед, што секако не би било можно доколку има каква било резерва во однос на здравоста на банкарскиот сектор во земјата,“ се вели во соопштението.

Од Македонската банкарска асоцијација уште еднаш укажуваат на потребата од одговорно однесување и внимателност при изјави кои се однесуваат на банкарскиот сектор.

„Истовремено, упатуваме апел до јавноста дека дезинформации и инсинуации кои се изнесуваат во јавноста за банкарскиот сектор и поединечни банки треба да бидат отфрлени, бидејќи заради остварување на некои други интереси и нечии лични битки, свесно или несвесно, се прави обид за загрозување на нешто што е од јавен интерес на секој граѓанин, секоја компанија, секоја институција во оваа земја,“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костовски и странски експерти обвинија за незаконска шема меѓу банките во Македонија, која функционира од 2004

Народна банка: Сериозно сме загрижени за леснотијата со која од различни поединци се изнесуваат неточни информации поврзани со банкарскиот систем

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од лични причини, Томислав Тунтев поднел оставка од функцијата директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Редакција

Директна авионска линија Атина-Скопје-Атина од 1 ноември

Редакција

Инвестиција од 1 милион евра: Почна изградбата на нова сончева централа кај светиниколското село Горубинци

Редакција