еМагазин
Image default
Македонија

Меркел ќе ја заложела „сета своја политичка тежина“ за преговори со Северна Македонија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска од Брисел се заложи дека ќе стори сѐ за одредување датум за почеток на преговорите Северна Македонија за членство со ЕУ до октомври и порача дека во прашање се неколку недели, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одговарајќи на прашање на МИА на крајот на дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, за тоа дали може да гарантира датум за преговори, откако одлуката беше одложена до крајот на октомври, Меркел изјави дека лидерите на ЕУ вчера разговарале за Северна Македонија.

-Ќе направам сѐ што можам за да се донесе таа позитивна одлука затоа што Северна Македонија направи примерна работа со Преспанскиот договор, одлична работа, и разговаравме за ова вчера. Станува збор за неколку недели, навистина, но нашата заложба стои и што се однесува до мене ќе ја заложам сета своја политичка тежина за ова, изјави Меркел.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија демантира дека била против датум за почеток на преговори со Македонија

Бугарскиот премиер Борисов: Македонците треба да созреат за датум за преговори со ЕУ

Нема правда, нема датум, нема ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот треба да пресече: Обвинителство се согласи Мијалков за 10 милиони евра гаранција да се брани од слобода

Редакција

Албански медиуми: Груевски излегол од Албанија со автомобил на унгарската амбасада

Редакција

Ученици од три основни училишта во скопски Карпош заради превенција од коронавирусот во самоизолација

Редакција