еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Меркел: Вие сами одлучувате за Вашата иднина, не останувајте дома на 30 септември 

Никој не им се заканува на македонските граѓани со изолација. Тие можат и треба сами да одлучат за иднината на државата. Иднината може да биде членство во НАТО и ЕУ, доколку имате успех на референдумот на 30 септември. Но, секако има и одредени предуслови што треба да се исполнат.

Ова на денешната прес конференција во Владата на РМ го порача германската канцеларка Ангела Меркел, која е во прва официјлна посета на Македонија.

– Постоеше спор меѓу вашата земја и Грција и мораше да се најде и решение. Затоа прашањето на името и прашањето за членство се поврзани. Тоа е прашање што не е поврзано со Владата, туку со тоа што сите земји членки треба да се согласат со него. Луѓето на 30 септември имаат можност исто како што направија пред 27 години, да гласаат дали сакат да припаѓат на семејство на ЕУ и НАТО, а тоа бара истовремено прифаќање на Договорот со Грција, рече Меркел на заедничката прес конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

Таа излезе со јасна политичка порака – „Не останувајте дома на 30 септември, на овој историски ден. Искористете ја шансата и кажете каква иднина сакате да имате“.

Напомена дека таа лично не сака да се меша во одлуката на граѓаните, но додаде дека од сопствено искуство може да каже дека ова е историска шанса, која не се појавува секој ден.

– На денешен ден пред 27 години граѓаните на Република Македонија излегоа и гласаа за својата независност, самостојност и сувереност. Посебна чест имам во име на Владата и во име на граѓаните прв пат во историјата на на пријателските односи меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија да посакам добредојде на еден германски канцелар во посета на нашата држава. Оваа посета денес е референца кон минатото заради нашата независност, но и референца кон блиската иднина кон која не кани целиот демократски свет, а тоа е членството во ЕУ и НАТО, рече премиерот на прес-конференцијата.

Потсетувајќи дека Македонија и Германија оваа година одбележуваат 25 години од воспоставување на билатералните односи, Заев изрази задоволство што Берлин дава голема поддршка на стратешките цели на Македонија, влез во ЕУ и НАТО.

Рече оти посетата на Меркел е силна порака „за нас во пресрет на референдимот на кој граѓаните ќе ја изберат иднината“.

– Оваа посета е уште едно охрабрување дека големите сили поддржуваат доследно спроведување на Договорот од Преспа од двете страни и потврда дека со него се гарантира македонската иднина и нашето место во Унијата и НАТО, нагласи Заев.

Таа рече оти на Мицоски ќе му го кажа истото што му го кажала и на премиерот Заев и ќе му посочи дека во една демократија за важните прашања мора да им заедничка национална одговорност.

На средбата двајцата државници се осврнале и на економската соработка.

Германија, како што посочи Заев, е трговски партнер број еден за Македонија – 47 отсто од вкупниот извоз оди во Германија. Вредноста на трговската размена достигнала повеќе од 3,6 милијарди долари, а Заев изрази надеж дека уште оваа година таа ќе достигне четири милијарди и повеќе долари.

Додаде дека 200 германски компании се партнери на македонските компании, отвориле повеќе од 20 илјади работни места. Тој ги повика германските компании да продолжат со експанзија на нивните бизниси.

Меркел, која односите меѓу двете земји ги оцени како интензивни, пријателски и успешни, напомена дека околу сто илјади македонски државјани престојуваат во Германија и додаде дека германските компании имаат доверба во земјава.

Германија ќе испрати советник за економски прашања, кој ќе ја координира работата на владите и стопанската комора.

Меркел потсети дека Германија во регионот во 2014 година го почна Берлинскиот процес, со кој се интензивираше врската меѓу земјите од Западен Балкан и нагаласи оти од европски аспект постои голем интерес за стабилен регион.

– На земјите од Западен Балкан им дадовме перспективата за влез во ЕУ не само затоа што ги сакаме, туку тоа е и во наш сопствен интерес. Територијалниот интегритет е важна појдовна точка за регионот да остане таков, каков што е, рече Меркел на заедничката прес-конференија во премиерот Заев.

Меркел за време на престојот во Скопје ќе има средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, а не е предвидена средба со претседателот Ѓорге Иванов.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Димитров со букет цвеќе ја пречека Меркел

(ВИДЕО) Како беше пречекана Меркел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела 195 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Редакција

(ВИДЕО) Во Грција на Санторини поставени првите лежалки заштитени со плексиглас

Редакција

Лидија Бошковска стана првата амбасадорка на Македонија во Грција

Редакција