еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков: Не сум влијаел врз никој во ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот прв човек на УБК и бившиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, во изјава за Press24, негира било какво влијание врз поранешните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои дадоа подршка за старт на промена на Уставот.

„Заради зачестеното присуство на моето име во некои медиуми во изминатите 2-3 дена, чувствувам обврска да дадам свој коментар по однос на истите.

Имено, на денот на мојата оставка од сите партиски функции минатата година, немам учество во какво било својство и форма во работењето на политичката партија во која сум поминал децении.

Оттука, отфрлам било какви шпекулации за мое влијание врз претседателот на партијата, органите на партијата, пратениците или која било друга организациска структура во нејзин состав.

Во таа насока, сметам дека во овој момент, во интерес на сериозните предизвици со кои се соочува нашата партија, е потребно единство како никогаш до сега. Најмалку потребно во овие моменти е создавање поделби кои ќе имаат за цел да го ослабат ВМРО-ДПМНЕ.

Не смее да заборавиме дека историското ВМРО имало про-западна ориентација исто како и ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање. Овој про-западен концепт беше еден од фундаментите на партијата, со крајна цел интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Им порачувам на сите патриоти, членови и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, дека е потребно силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде стожер на сигурна, безбедна и просперитетна Македонија“, вели Мијалков за Press24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли смени на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ: Кои се членовите на Централниот комитет

Трајко Вељаноски му даде подршка на Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски доби поддршка и од Антонијо Милошоски

Ќе има ли смена на Христијан Мицкоски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ангелов од здружението „Ќосето”: Жал ми е за настаните од 27 април, јас не сум терорист

Редакција

Три жени починаа од Ковид-19 на штипското Инфективно одделение

Редакција

СОНК вечер носи конечна одлука за прекин на штрајкот

Редакција