еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков пристигна во судот, рочиштето за „Титаник 2“ продолжува

Во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Титаник 2“, откако обвинетиот поранешен директор на УБК Сашо Мијалков беше спроведен од затворот „Скопје“ каде што ја издржува мерката притвор од 30 дена за случајот „Империја“.

Мијалков пристигна со полициски возила преку гаражите во судот. Во судницата се присутни и другите обвинети за „Титаник 2“.

„Титаник 2“ се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Покрај Сашо Мијалков, обвинети се и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на јавни обвинители ја доби одлуката за разрешување на Јанева

Редакција

Нема простор за паника во врска со конго-кримската хеморагична треска, вели Петличковски

Редакција

За една недела 75 лица до 19 години во Македонија се заразиле со Ковид-19

Редакција