еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски понуди две опции за излез од политичката криза

Предвремени избори со формирање на пржинска влада и јавен обвинител на предлог на опозиција или отфрлање на Договорот и избори, по кои ќе се избере јавен обвинител со консензус на сите партии се двете опции што лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги понуди на денешната прес-конфернеција во седиштето на партијата за, како што рече, излез од политичката криза во земјата.

„Македонија влегува во нова политичка криза. Решението на маса е катастрофално и неприфатливо, како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за мнозинството граѓани. Договорот не проаѓа зошто ВМРО-ДПМНЕ води инает, туку власат треба да знае дека народот не го прифаќа. Нова криза ќе ја доуништи економијата“, рече Мицкоски.

Посочи дека договорот е постигнат без консензус и со ветување нешто што СДСМ не може да го исполни и на граѓаните и на меѓународните партнери.

„Има две опции. Првата се избори, кои Зоран Заев ги најави и ВМРО-ДПМНЕ ги прифати. За тоа да се случи мора да има техничка влада. Потребно е да се создаде атмосфера на фер услови и да се избере јавен обвинител на предлог на опозиција. Втората опција е Зоран Заев веднаш да се откаже од Договорот и веднаш на избори, па народот да одлучи. ВМРО-ДПМНЕ по изборите веднаш ќе поддржи создавање нова институција за гонење на криминал, водена од јавен обвинител постигнат со консензус од сите партии“, изјави Мицкоски.

Прашан за коментар околу потврдената пресуда од Апелација на екс-премиерот Груевски и наводно тргување со пратенички гласови за негова слобода, Мицкоски рече дека самиот факт што некој мисли дека владата на Зоран Заев тргува со правдата, зборува за тоа во каков амбиент и општество живееме.

Мицкоски рече дека е непринципиелно и не би сакал да верува дека некој воопшто размислува да тргува за нешто за што граѓаните јасно се изјаниле на 30 септември без разлика дали се тоа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ.

Прашан, што ако власта инсистира на избори по скратени рокови и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на такви избори, Мицкоски рече дека тоа што власта сака брзи избори говори каква е желбата на оваа власт да остане и продолжи да го пљачка народот, кратко укажувајќи дека е неопходно формирање на пржинска влада.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски државјанин сакал да внесе 20.000 евра, без да ги пријави

Редакција

Судење за „Траекторија“: Вешто лице тврди дека се направени некои грешки во вештачењето

Редакција

Градоначалникот на СДСМ, Димитриевски бара чистка во партијата и државата

Редакција