Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција зборуваше за неколкуте чекори кои ВМРО-ДПМНЕ ги планира се со цел да ја сруши како што рече „оваа ненародна власта“ и посочи дека прв чекор е интерпелација на Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања.
„Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина. Распродадоа се што можеше да се распродаде овие четири години од гордоста и она малку што остана сакаат и тргуваат со него, а всушност гледаме дека не доведоа до ќорсокак. За ова мора да се понесе одговорност.
Имаме повеќе чекори кои ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата кои целата јавност ги поставува. Доста е за загубите кои се колективни поради нивната неспособност,“ рече Мицкоски.
Тој посочи дека Димитров е главниот виновник за дебаклот што и се случува на Македонија на меѓународната сцена.
„Мислам дека во овој момент најповиканото прашање е дебаклот кој што ни се случува на отворена сцена поврзано со надворешната политика. Не знам, ако нешто е поактуелно од ова тогаш во моментов навистина јас не можам да се сетам,“ истакна Мицкоски.
Мицкоски најави дека по интерпелацијата на Димитров следува и интерпелација за министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ