Во интервју за Алсат М, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е актуелен со „војната“ со поранешниот претседател на партијата, Никола Груевски, кажа дека имал доказ за тајните средби на функционери на ДУИ и СДСМ со Груевски или како што вели тој „оската ДУИ, СДСМ и Груевски“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта, вели Груевски
Кој му даде подршка на Мицкоски, а кој на Груевски
Тврди дека за тоа има материјали на УСБ, кои ги добиле челници на ДУИ.
„Сигурно јас тој потег којшто го направив, не го направив затоа што ете така ми текнало, сигурно тоа се должи на една голема анализа, информации и многу докази коишто веќе неколку месеци пристигнуваат и до мене и до ВМРО ДПМНЕ.
Можеби треба да им се освежи меморијата и за пликоата кои што ги добиваа на УСБ и Али Ахмети и Талат Џафери во 2022 година пролетта, што имаше во тоа УСБ, кои беа документите кои што беа дел од тие пликоа, итн., можеби тие подобро ќе ви одговорат“, рече Мицкоски.
За Груевски рече дека не му било јасно зошто одел на тие тајни средби, но и дека бил полн со омраза, самобендисаност и со лични фрустрации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанкулоска излезе од затвор за викенд и се сретна со Мицкоски, среде „војната“ со Груевски
На прашањето за тоа која е пораката за средбата со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, кажа дека таа била жртва на политички прогон и дека партијата ќе се грижи за секој лојален член.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Мицкоски против Груевски значи дека има 80 пратеници за гласање?“: Твитер реакции
Фото: ВМРО-ДПМНЕ