еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски вели оти во манастир случајно се сретнал со претседателот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ и оти не го познава

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека само еднаш случајно се сретнал со претседателот на бугарското здружение „Цар Борис Трети“ и оти не го познавал.

Мицкоски е сликан со претседателот на охридското здружение, а фотографијата е објавена во јавноста.

-Не, не го познавам момчето. Гледам некоја слика се појавува таму. Мислам дека точно знам кога и како е тоа сликано. Тоа беше при една моја посета, станува збор за Бигорскиот манастир каде што овие беа таму и како групација ми да дадоа една книга која што им ја вратив. Не ја примив. Тоа е тоа. Единствената моја средба во животот е тогаш со ова момче, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Ставот во врска со отворањето на бугарскиот клуб во Охрид рече дека го кажал во четвртокот, ден пред отворањето, оценувајќи го како голема провокација и како резултат на „поданичките и предавнички политики од страна на оваа Влада на СДСМ“.

-Ако тие од другата страна очекуваа дека ќе добијат дебел црвен персиски килим и ќе добија поддршка и помош ако се согласат да отпочнат асимилација на сопствемиот македонски народ тогаш еве им пример како нивната политика резултираше односно зошто не треба нивната политика да се поддржува, а тоа е отворањето на ова здружение со име на фашист во случајов Цар Борис Трети, кој што бил докажан фашистички партнер поразен во Втората светска војна, а Бугарија тогаш потпишала капитуалција, рече Мицкоски.

Македонија и македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, како и секогаш ќе бидат на вистинската страна на историјата а тоа е на страната на антифашистичката борба и на страната на народот во Македонија.

-Така сме биле така и ќе продолжиме да бидеме. Поднесовме закон во Парламентот, очекуваме од Владата да се произнесе по законот, да го прифати и да даде свои забелешки на истиот и да го усвоиме, со што на вакви егзибиционисти што душата си ја продале за левови ќе им ставиме крај и нема никогаш повеќе да го провоцираат напатениот македонски народ, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ: Милен Врабевски, финансиерот на бугарските клубови бил гостин на Заев во Владата

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вложувањата во неживотни осигурувања пораснале за 10%, достигнаа 90 милиони евра за пет месеци

Редакција

Нагло опаѓа нивото на антитела по 2-3 месеци од оздравување од Ковид-19

Редакција

Дури 65% од македонските граѓани сметаат дека однесувањето на ЕУ е нефер, надмено и уценувачко, покажува „Еврометар 2022“

Редакција