Обвинувањата на екс -директорот на УБК, Сашо Мијалков во писмото упатено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги смета за внатрепартиски работи. Не сакајќи да одговори на писмото што Мијалков му го упати веднаш по исклучувањето од партијата, Мицкоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ поседува докази за сè што тврди.
Тој во интервју во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М рече дека очекува да остане компактна пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по серијата оставки од функциите и исклучувањето на седумте пратеници кои гласаа за потребата од носење на уставни измени, што се неопходни за имплементација на Договорот од Преспа.
Целото интервју ТУКА.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков крај за бате Саше Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ се збогува со началникот
Сашо Мијалков „распали“ по Христијан Мицкоски: Ти си лажен патриот!