еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Во ВМРО-ДПМНЕ нема раскол или некакви недоразбирања

Сите душегрижници кои мислат дека во ВМРО-ДПМНЕ има некаков раскол или некакви недоразбирања се лажат. Можам да ги разочарам, не само што нема раскол, туку партијата е единствена и во периодот кој следува продолжува да ги презентира своите политики, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5.

Во коментар за ставот на одредени негови сопартијци дека не е добро да има бојкот на референдумот на 30 септември, Мицкоски вели дека тоа е принципиелен, искрен и чесен став повторувајќи го повикот до членството и граѓаните да одлучат според сопствено убедување.

– Потпретседателот Митко Јанчев, поранешниот висок функцинер на партијата Никола Тодоров… излегоа со сопствен став кој е во рамки на партискиот став. Јас не така одамна во една емисија кажав дека партискиот став е едно големо множество и во него има многу подмножества, така што нашето големо множество ги опфаќа сите оние граѓани кои на 30 септември ќе постапат на начин на кој ќе постапат, ќе апситинираат, ќе излезат и ќе гласаат вака или онака или еве како Тодоров ќе го направат ливчето неважечко, рече Мицковски.

Тој наведе дека во Законот за референдум јасно стои што е успешен, а што неуспешен референдумски процес, кој, пак, оцени дека се води катастрофално со сосема погрешни и манипулативни пораки.

Прашан дали очекува другите 28 пратеници да го следат примерот на 20-те кои се изјаснија дека нема да гласаат за уставните промени, Мицкоски рече дека очекува на 30 септември граѓаните, без разлика дали  се пратеници, уметници, домаќинки, лекари., адвокати,. инженери… Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи, да го искористат своето елементарно демократско право да одлучат како ќе постапат, дали ќе излезат или ќе одлучат да апстинираат.

Мицкоски повтори и дека неговиот личен став ќе се знае на 30 септември.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Сашо Симјановски, кој по предлог на Владата влезе во Одборот на директори на Македонски Телеком

Редакција

Инфлацијата сериозно ги нагризува платите и работниците ја губат куповната моќ, велат од ССМ

Редакција

Јовановиќ за најавите на Левица дека ќе тужи: „Ако мислите среде криза да блокирате институции, вие сте за „риалити шоу““

Редакција