еМагазин
Image default
Македонија

Милошески од Авалон шокиран од односот: На Министерство за култура не му се важни концертите на Стинг, Лени Кравиц, Ерос Рамацоти….

Во годишната програма на Министерство за култура ги нема концертите на Авалон продукција планирани за оваа година.

По тој повод, Бобан Милошески од Авалон, се обрати на неговиот фејсбук-профил:

„Наместо да даваме поединечни одговори на сите медиуми што се јавија да бараат одговор, како е тоа можно да не` нема во годишната програма на Министерството за култура, го користам нашиот медиум за официјален одговор и во овие неколку реда ќе кажам се` што мислам за годишната програма и за статусот на годишниот проект насловен како „Авалон Колинг“ (сите наши концерти од 01.01.2019 до 31.12.2019 година) којшто го понудивме да биде поддржан од страна на ресорното министерство.

Доволно е само да се погледнат рутите на турнеите на Lenny Kravitz, Sting и на Eros Ramazzotti и да се види дека Авалон Продуkција наместо да ги одржи концертите во многу поголеми маркети какви што се Хрватска и Србија, го одбра Скопје. Исто како што проектот Ohrid Calling наместо да го префрлиме на море во Албанија, од петни жили се трудиме да го задржиме во Охрид.

Со сето ова, сакавме да дадеме реален придонес во годината во која на Македонија и` се отвораат евроатлантските перспективи во сегментот на работа во којшто сакале тоа да признаат другите или не, ние како независна продукција сме најквалитетни и најпотентни во целиот регион.

А кога е ресорното министерство во прашање, бевме сигурни дека ќе биде препознаено дека со овие проекти не само што даваме огромен придонес на неверојатно ниското ниво на култура во Република Македонија, туку и дека за прв пат со вакви четири сериозно големи проекти сме апсолутни регионални лидери.

Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи.

За останатите чекори коишто ќе ги превземеме, ќе бидете благовремено известени кога ние ќе добиеме официјално известување како тоа на Министерството за култура смета дека на државата не и` се потребни концертите на Sting, Lenny Kravitz, Hooverphonic, Eros Ramazzotti, Tom Odell, Горан Бреговиќ, Ohrid Calling итн“.

фото: Фејсбук-профил на Бобан Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„На кого му треба Џез фестивал додека има Ѕвезде Гранда“: Твитер „прегреа„ за Годишната програма на Министерството за култура

Режисерката Бузалковска со писмо до Заев: Дава оставка од Советот за култура поради Годишната програма на Министерството

И Белопета во шок: Реномираниот „Скопски џез фестивал“ не доби пари од Министерство за култура

Кој се е оштетен со Годишната програма на Министерство за култура: „Танец“ сотрен, Ансамблот на албански народни ора и песни колку барал толку добил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ: Полиција или цензори, скандалозно избришан видео запис на ТВ21

Редакција

Пендаровски ќе оди на крунисувањето на британскиот крал Чарлс во Лондон

Редакција

Вработен позитивен на корона вирусот ја затвори Општина Струга

Редакција