еМагазин
Image default
Македонија

Милошоски: Најголемите ширачи на лажни вести дека Македонија добила датум за преговори со ЕУ се Заев, Димитров и Османи

Најголемите ширачи на лажни вести дека Македонија добила датум за преговори со ЕУ се премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Никола Димитров. Подготвен сум да дадам оставка ден по поднесување оставка од нивна страна, рече пратеникот Антонио Милошоски во „24 Анализа“, на ТВ 24, прашан во врска за неговиот твит за добивањето датум за преговори за членство на земјава во ЕУ.

Според Милошоски, МНР има телеграми и дописи од Брисел кои јасно укажуваат кои земји се „за“, а кои „против“ почнувањето преговори. Ако министерот биде доблесен и излезе на ТВ дуел или ги обајви, ги декласифицира тие информации, потенциа Милошоски, на јавноста ќе и биде појасно.

“Прифаќам да поднесам оставка за лажни моменти ден по поднесувањето оставка од страна на Зоран Заев, Бујар Османи и Никола Димитров кои во 2008 година ширеа лажни вести дека Македонија добила датум за јуни 2019-та.

Многу ми е жал што лани премиерот Заев манипулираше со македонската јавност дека во јуни имаме сигурен датум. Жал ми е што Македонија го нема добиено датумот што го заслужува од 2009 година кога првпат добивме препорака од Европската комисија за почнување на преговорите, но тогаш имавме се уште нерешен спор со Грција и тоа беше изговорот за блокада од грчката страна.

Владата минатата година направи референдум и забави за ЕУ и НАТО интеграцијата, потроши 180.000 евра, убедувајќи не дека имаме датум, рече Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитот на Антонио Милошоски за датумот за преговори со ЕУ ги „запали“ социјалните мрежи

Влада: Најмногу за датум за нас се „бореa“ Грција, Австрија, Словенија

Франција, Германија, Холандија, Данска, Белгија, Луксембург и Шпанија биле против датум за преговори со Македонија, тврди Милошоски

Фото: Фејбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никогаш не сум кажал дека Бугарија била администратор во Македонија, вели Заев

Редакција

Убава вест: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа нема нови хоспитализирани пациенти

Редакција

Засега нема скратување на полицискиот час

Редакција