еМагазин
Image default
Македонија

Милошоски: СДСМ ги избрка Бучковски, Бузлевски, Буралиева, Грчева…

Антонио Милошоски не ги коментираше одлуките од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. За медиумите вечерва изјави дека не присуствувал на состанокот, но внимателно ги следел изјавите и, како што рече,  спомнатите ќе може да дадат свое мислење.

„Добро за партијата и за државата ВМРО-ДПМНЕ да се консолидира, да има јасен опозициски курс на движење и тоа ќе биде корисно и за власта. Денес е и симболичен празник кој тоа треба и да го покаже“, изјави Милошоски пред почетокот на прославата во МНТ.

Притоа посочи примери и  во СДСМ од минатото, како Нано Ружин кој, како што рече, беше избркан од СДСМ зашто прифати да биде амбасадор во НАТО, потоа, рече, слични работи се случуваа со Бучковски, Бузлевски, Буралиева, Грчева…

„Тоа е прашање на  нашата полтичка воспоставена пракса, која се надевам дека во иднина ќе биде подобрена“, рече Милошоски.

МИА/Фото: Фејсбук/Милошоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Распаѓање или прочистување на ВМРО-ДПМНЕ на Денот на Македонската револуционерна борба?

Колкава моќ има Мицкоски: Што пишува во статусот на ВМРО-ДПМНЕ во делот на разрешувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

43 лица од починатите од коронавирусот во Македонија имаат хронична и здравствени состојби

Редакција

Кичеец денеска треба да оди во затвор, потврдил дека ќе се јави на издржување на казната

Редакција

Синдикатот на Управата за матични книги ги усогласи барањата со Министерството за правда, се чека одговор од Министерството за финансии

Редакција