еМагазин
Image default
Македонија

Министерката Стефоска: Бугарското општество мора самото да се справува со темните страни од своето минато

Убедена сум дека премиерот сака буквално да ја истурка земјата да оди напред, но и покрај сите негови напори тој не може да и помогне на нашата сосетка Бугарија, бидејќи бугарското општество мора, како и секое друго, самото да се справува со темните страни од своето минато, изјави денеска министерката за култура Ирена Стефоска, во однос на вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев.

Има мнигу примери, посочи таа, како тоа се случувало и како се работи на справување со минатото, како што пред педесет години германскиот канцелар Вили Брант при посетата на Полска клекна пред споменикот на хероите и на тој начин побара прошка и се извини за злосторствата на нацистите во Втората светска војна и така го отвори патот на процесот на простување.

– Од друга страна, во секоја национална историја има разни страни – темни и светли, и секој си е одговорен за соочување и справување со сопственото минато. Но, тоа не може да биде пречка, услов за нашите евроинтеграции, изјави Стефоска.

Ако услов за нашите евроинетргации се историјата или идентитетски прашања, укажа таа, тогаш немаше да постопи Европската Унија.

– Билатерални спорови од секаква природа имало меѓу земјите членки на ЕУ. Убедена сум дека со поддршка на нашите пријатели од Брисел, процесот на нашето интегрирање ќе продолжи и понатаму, изјави Стефоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борците од НОБ навредени од Заев и од омаловажувањето на нивната борба

Бранимир Јовановиќ до Заев: Не да изрази жалење за интервјуто, туку да се извини

„Од песната „Ние не сме Срби, Бугари ни Грци“ ќе остане само “Ние не сме““: Твитер реакции за интервјуто на Заев

МИА/Фото: Фејсбук/Стефоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За прв пат се гласа со отпечаток на прст: Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.824.864 граѓани

Редакција

Гостиварец на 36 години и скопјанец на 25 години починаа од корона вирусот

Редакција

Се затвора регионалниот пункт за вакцинирање во Охрид

Редакција