еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Министерот Фазлиу не ги бендисува мензите по институциите, повеќе си претпочита ресторани

Алатката за отчетност на Владата за периодот јуни-ноември 2018 година покажува дека министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, не претпочита да користи угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите, туку сака да оди по ресторани надвор.

Па така, на угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти потрошил 287.541 денари од периодот јуни-ноември 2018 година, наспроти 294.545 истиот период во 2017 година.

На угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите потрошил 28.125 денари во 2018, наспроти 90.913 во 2017 година.

Колку за споредба, премиерот Зоран Заев на угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти потрошил 249.484 денари во периодот јуни-ноември 2018 година, и за три пати го намалил трошкот од 2017 година кога потрошил 744. 652 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На што најмногу пари потрошила Шекеринска

Анѓушев најмногу пари потрошил на авионски карти и угостителски услуги во институциите

Колку пари на граѓаните потрошил премиерот Заев на ресторани и хотелско сместување

Колку потрошиле владините функционери на кафани, телефон, авиобилети за шест месеци

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако војната се земе како основа за членство во ЕУ, тогаш земјите од Западен Балкан се подготвени меѓусебно да се напаѓаат, изјави Рама во Блед

Редакција

Не можам да бидам конзул на Малта со сенка врз моето име, вели Анѓушев откако не е повеќе на таа функција

Редакција

Драстичен раст на долгот на граѓаните и фирмите на новата листа на должници на УЈП

Редакција