еМагазин
Image default
Македонија

Министерството за одбрана објави оглас за прием на 125 професионални војници во Армијата

Министерството за одбрана денеска објави јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата.

Рокот за пријавување е 15 дена, а подетални информации за јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството www.mod.gov.mk.

„Ги повикуваме сите млади и мотивирани граѓани на нашата татковина, кои ги исполнуваат условите наведени во јавниот оглас, да се пријават и да станат дел од Армијата на Република Северна Македонија, која наскоро ќе биде и Армија на НАТО.

Војничката професија нуди исклучителни можности за напредување, за личен развој и за напредување во кариерата“, велат од Министерството за одбрана.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: „Талир“ уште еден обид за политички притисок за замолчување на партијата во пресрет на уставните измени

Редакција

Бугарија била државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Македонија и Албанија, изјави Генчовска

Редакција

Петгодишно дете однесе во изолација 14 деца, две негувателки и една воспитувачка во Кавадарци

Редакција