Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 9 државни службеници во Министерство за правда.
Се бараат кандидати за следниве работни места: соработник за следење на нормативата во кривичната материја за плата од 22.474 денари, помлад соработник за јавно обвинителство за плата од 21.080 денари, советник за нормативно-правни работи за плата од 25.022 денари, помлад соработник за стручни, правни и организациски работи од областа на нотаријатот и медијацијата за плата од 21.080 денари, раководител на одделение за екстрадиција и трансфер за плата од 28.302 денари, помлад соработник за политички партии и здруженија за плата од 21.080 денари, помлад соработник за интеграција и преговори за плата од 21.080 денари, советник за следење и реализација на препораки во областа на човековите права за плата од 25.022 денари и помлад соработник – систем инжинер за поддршка на комуникациска инфраструктура за плата од 21.080 денари.
Повеќе детали од огласот ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доминација на државните институции во огласите за вработување
Министерството за правда вработува 40 лица, плата до 22.490 денари