еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Министерството за здравство се уште го чека извештајот од обдукцијата на шестгодишната Јана

Министерството за здравство се уште го чека извештајот од обдукцијата од Судска медицина за шестгодишното девојче Јана кое почина во Клиничката болница „Др Трифун Пановски“ во Битола.

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека очекуваат за кратко време Обвинителството да го побара извештајот, по што тие во истиот момент ќе го достават.

-Се што е од стручната комисија и од инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, се е во извештајот. Чекаме од Обвинителството да ни го побараат и да ја доставиме документацијата, рече Меџити и додаде дека во најскоро време ќе ја посети битолската Болница.

Шестгодишната Јана почина на 22 март во битолската Клиничка болница само неколку часа откако била примена со оток на очите, болки во грлото и нозете и повраќање. Нејзините родители се сомневаат дека девојчето не било соодветно третирано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисијата за стручен надзор не открила пропусти во лечењето на шестгодишната Јана од Битола

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тридневна жалост прогласена во Црна Гора

Редакција

Повторно се појавија неточни информации за содржината на Протоколот, велат од МНР

Редакција

Врвулица од мигранти во Македонија: „Филмски“ бегства и приведувања на патиштата

Редакција